СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥Објавен трејлерот за Furiosa: A Mad Max Saga

WARNER Bros. Pictures го објави првиот трејлер за акциониот филм Furiosa: A Mad Max Saga, еден од најочекуваните филмски хитови во последните неколку години. Furiosa е приквел и спин-оф на оскаровецот на Милер, „Mad Max: Fury Road“ од 2015 година.

Во новиот филм на легендарниот режисер Џорџ Милер, се враќаме во постапокалиптичната пустош, но овој пат наместо познатиот Макс Рокатански, ја следиме царицата Фуриоза, која за прв пат ја запознавме на „Fury Road“, каде ја играше познатата Шарлиз Терон.

Новиот филм на Милер е сместен 45 години по падот на човештвото поради нуклеарните војни за ресурси како гориво и вода. Во трејлерот дознаваме дека младата Фуриоза, која ја игра Ања Тејлор-Џој, била киднапирана од моторџиска банда, предводена од воениот господар Дементус, кој го игра Крис Хемсворт.

Додека Дементус и водачот на населбата „Цитадела“, Иммортан Џо, војуваат за доминација, Фуриоза се обидува да ги преживее конфликтите во пустелија и да си го најде патот дома.

Поврзани вести

Том Круз откри дали се плаши од снимање акробации: „Не изгледа кул“

Urednik

Џенифер Анистон ги откри навиките поради кои изгледа дека не старее

Urednik

Трогателни сцени пред домот на Метју Пери: Фановите и пријателите му оддадоа почит на актерот (ФОТО)

Radmila Tasevska