СТАНДАРД life
Здравје

Прекрасен зачин кој го намалува холестеролот, спас е за лошото варење и е моќен афродизијак

Мускатното оревче доаѓа од Индија – каде има долга традиција во лекувањето, а неговите лековити својства се ценети и во современата фитотерапија. Затоа овој чудесен зачин и лек дефинитивно треба да се најде во вашата кујна.

Бидејќи има антибактериско дејство, тој е многу ефикасен во лекувањето на инфекции на устата и непцата.

Оревчето го олеснува варењето, ги елиминира гасовите и се користи за лекување на внатрешните органи. Го намалува нивото на холестерол и масти во крвта, а се препорачува и за спортисти бидејќи ги опушта мускулите и целото тело и делува смирувачки.

Мускатното оревче е познато и како моќен афродизијак, па еликсирите на база на овој зачин се препишуваат на мажи со ослабена сексуална функција. Кинеската и ајурведската медицина го користеле овој зачин уште од античко време, пред се за проблеми со варењето, гасовите и невролошкиот систем. Со оглед на тоа што содржи голема количина калиум, тој е добар за поздраво срце, како и за регулирање на високиот крвен притисок.

Се чува како врвна тајна

Како зачин се користат и семето (морско оревче) и лушпата (мацис) на ова растение. Европската и азиската кујна не можат да се замислат без топлиот, смолест и сладок вкус на морското оревче.

Кога Португалците ги откриле индонезиските острови Банда во 16 век, тие го чувале во тајност изворот на мускатното оревче. Сто години подоцна, тие беа соборени од Холанѓаните, кои извесно време имаа монопол на зачинот.

Но, гулабите кои им правеле друштво на морнарите ги однеле семките од дрвото на соседните острови и така се проширил зачинот.

Бидете внимателни со дозата

Дневниот внес не треба да надминува три грама бидејќи може да ги покаже своите негативни својства – психоактивен е и може да предизвика агитација, вознемиреност, дури и благи халуцинации, па затоа не се препорачува за лица со нарушено ментално здравје.

Поврзани вести

Најбогатиот зеленчук со протеини

Radmila Tasevska

Имате висок крвен притисок? Направете ги овие работи наутро и намалете го

Radmila Tasevska

СЕЗОНСКИ АЛЕРГИИ: Справување со летен полен и ризик од анафилактичен шок

Urednik