СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 Скандалозно обраќање на актерот на доделувањето на Златните глобуси: „Ду*ај го“

Киран Калкин синоќа го освои својот прв Златен глобус за настапот во Наследници.

Во оваа прилика, Киран одржа интересен говор во кој се обрати пред својот колега Педро Паскал.

„Ду*ај го, Педро! Извини! Мој е“, се пошегувал тој, а камерите потоа му се свртеле на Паскал, кој се правел дека плаче поради неговите зборови.

Откако му се заблагодари на целиот тим, на Киран му беше кажано да го заврши својот говор, па тој заврши со заблагодарување на „прекрасните жени“ во неговиот живот, на менаџерот, неговата мајка и неговата сопруга Џез.

Инаку, Киран пред дваесет години беше номиниран за Златен глобус за улогата во филмот Igby Goes Down, но тогаш не го освои.

Поврзани вести

Сценаристите на „Пријатели“ открија како се чувствувал Метју Пери неколку недели пред неговата смрт

Urednik

Поп пејачка почина по операција за намалување на градите

Radmila Tasevska

Никол Кидман и Антонио Бандерас глумат во новиот еротски трилер

Urednik