СТАНДАРД life
Шоубиз

Мачката на Тејлор Свифт е побогата од нејзиното момче: „Можеби еден ден ќе има среќа и ќе ја стигне…“

Иако е двократен победник на Супер Боул, ѕвездата на Канзас Сити Чифс, Тревис Келс, трпи понижувачки коментари поради неговата банкарска сметка, која луѓето ја споредуваат со богатството на мачката на неговата девојка, планетарната музичка ѕвезда Тејлор Свифт.

Како што пишува AllAboutCats.com, Оливија Бенсон, како што ја нарекуваат мачката на пејачката, е „тешка“ дури 97 милиони долари и се наоѓа на третото место на листата на Forbes Ultimate Pet Rich, објави Дејли мејл. За разлика од мачката, богатството на Тревис се проценува на 40 милиони долари, што е многу помалку од она на Оливија.

„Можеби еден ден ќе има среќа и ќе ја фати“, „Па, ова е толку понижувачки и неправедно …“, „А како точно е таа толку богата и дали има своја сметка, не разбирам?“, „Тејлор да го направи момчето побогато од мачката“, се дел од коментарите.

Тејлор ја посвои мачката во 2014 година и често објавува нежни слики со своето милениче на социјалните мрежи.

Мачката „учествувала“ во спотови на пејачката, „глумела“ во реклами и има своја линија на облека. Името го добила по ликот Мариска Харжитај од серијата „Ред и закон: Специјална единица за жртви“.

Поврзани вести

Ѕвездата на хит серијата „Луди седумдесетти“ осудена на доживотен затвор

Urednik

ТОЛКУ ЖЕНСТВЕНО: Фустан кој им одговара на сите без разлика на ВОЗРАСТА И ОБЛИКОТ НА ТЕЛОТО

Urednik

Софија Вергара проговори за разводот: „Продолжив понатаму“

Urednik