СТАНДАРД life
Стил

📸Ниту ниските температури не ја натераа познатата бринета да го сокрие својот фантастичен фустан со капут

И покрај температурите под нулата и силниот снег, Кендал Џенер го „заборави“ топлото палто и покажа смел зимски стајлинг. За излегувањето со сестрите Ким и Клои Кардашијан, кој вклучуваше шопинг и вечера, 28-годишната манекенка се спротивстави на ниските температури во сив волнен фустан на едно рамо Bottega Veneta.

Кендал Џенер
Кендал Џенер

Моделот на фустанот, кој беше прикажан на модната писта Bottega Veneta есен/зима 2023 година, е направен со помош на ексклузивна техника „да се создаде ефект на астраханско крзно“, според дизајнерот Матие Блази.

Фустанот имаше „зимски допир“ благодарение на белиот, крзнен раб што изгледаше како топол шал.

Стајлингот беше комплетиран со црни најлонки и класични црни шпиц салонки.

Поврзани вести

📸Во заводлив стајлинг кој не толерира несовршености, Џеј Ло ги излуди Шпанците

Urednik

(ФОТО)Модниот настан на Vogue во Лондон привлече армија познати личности

Urednik

Нежно издание на Никол Кидман: Спектакуларниот фустан го истакна со најпосакуваните чевли на есента

Urednik