СТАНДАРД life
Стил

📸Експлозивното деколте на Лорен Санчез е нешто што не се гледа секој ден

Лорен Санчез, сопруга на основачот на Амазон, Џеф Безос, повторно привлече огромно внимание на своето прво излегување по нејзината спектакуларна свадба во Венеција на која присуствуваа бројни познати личности, вклучувајќи го и јорданското кралско семејство.

Овој пат, Лорен Санчез, новинарка и ТВ водителка и претприемачка, се појави без својот сопруг, уживајќи во вечера со познати пријатели во Париз.

Нејзиното излегување се случи само неколку недели откако таа прослави раскошна свадба со Безос вредна околу 50 милиони долари, на која присуствуваа повеќе од 200 гости од светската елита. На вечерата, ѝ се придружија актерите Леонардо Дикаприо и Шон Пен, како и бројни познати лица од Холивуд, додека Џеф Безос не беше виден.

За оваа посебна пригода, 55-годишната Лорен избра впечатлив црвен мини фустан од „Версаче“, кој чини повеќе од 3.500 долари.

Својот заводлив стил го надополни со чанта „Хермес Кели“ изработена од црна крокодилска кожа, вредна повеќе од 50.000 долари, елегантни црни сандали со високи потпетици и темни очила за сонце. Фустанот со експлозивно деколте кое бара многу самодоверба ги привлече сите погледи, а токму ваквите креации кои ги ласкаат облините се чест моден избор на Лорен.

Кожните фустани се безвременско парче идеално за вечерни пригоди, а секогаш носат одредена доза на сексапил, што Лорен овој пат дополнително го нагласи со вртоглаво деколте и сандали со потпетици. Косата ја „исфенирала“ внимателно, додека шминката ѝ беше ненаметлива.

Лорен беше придружувана и од моделот Брукс Надер, кој се одлучи за проѕирна црна блуза без градник и тесни панталони, предизвикувајќи мешани коментари поради нејзината необична модна дрскост, балансирајќи на работ на добриот вкус. Леонардо Дикаприо се обиде да остане незабележан во црна облека, шапка и заштитна маска, додека го напушташе ресторанот во придружба на телохранител.

Поврзани вести

Најсекси жената на светот привлече внимание во Милано во необичен фустан

Urednik

(ГАЛЕРИЈА) Нов почеток за познатиот бренд: „Victoria’s Secret“ собира легендарни ангели

Urednik

📸Црвената е хит боја на сезоната, но овој фустан тешко дека ќе најде конкуренција

Urednik