По неделните награди „Златен глобус“, холивудските дами не мораа долго да чекаат за нова можност да блеснат на црвениот тепих.
Откако беше одложен поради штрајкови, 14-тото почесно доделување на наградите „Оскар“ конечно се одржа во Лос Анџелес.
„Гувернерските награди“ ги одбележаа главните ѕвезди на овогодинешната сезона на награди, како и актерките Емили Блант и Маргот Роби, кои на церемонијата пристигнаа во креации кои изгледаат неверојатно слично.
Откако блесна како барбика од 70-тите на неделниот Златен глобус, австралиската ѕвезда одигра на картата на елеганција на доделувањето на „Гувернерс“ во црн фустан тесен до кожата, со интересно деколте и дизајн на торзото.
Овој заводлив детаљ дополнително го истакнаа сребрените прерамки кои се протегаа до колковите, а ѕвездата на филмот „Опенхајмер“ се одлучи и за фустан со слично дизајнерско решение.
И додека фустанот на Маргот Роби го потпишува француската куќа „Селин“, за креацијата на Емили Блант се погрижи помладиот бренд „Миуча Прада“.
Таа беше споредувана со црниот фустан на ѕвездата „Барби“ благодарение на сребрениот детал кој наликува на блескав, густ ѓердан што се протегаше до нејзиното торзо.