СТАНДАРД life
Стил

📸 Дакота Џонсон и пркоси на зимата во целосно проѕирен фустан

Ѕвездата од трилогијата „50 нијанси сиво“ последниве неколку дена вредно го промовира претстојниот филм „Madame Web“, во изданија соодветни на улогата на оваа хероина на Марвел.

Токму на време за Денот на вљубените, во светските кина ќе се појави новиот филм на Марвел, „Madame Web“, со 34-годишната Дакота Џонсон во главната улога.Убавата ќерка на познатата актерска двојка Дон Џонсон и Мелани Грифит,е брилијантно облечена за секоја пригода, а како и многу колешки пред неа, модните изданија на филмската промо турнеја ги прилагоди на улогата што ја толкува.

На карневалскиот бал на Vogue во Рио де Жанеиро, таа остави малку луѓе рамнодушни во заводлив фустан (Annie’s Ibiza), чии брилијантни апликации имитираа изглед на пајакова мрежа, а сличен “wow” ефект предизвика и во Њујорк, кога гостуваше во новата епизода од шоуто на Сет Мејерс.

Споменатиот фустан од материјал од вискоза е дело на познатиот американски дизајнер Том Форд, додека чизмите пристигнуваат со потписот на Bottega Venete.

И во ова издание не изостана парчето потпишано од италијанскиот Gucci, за кое Дакота е заштитно лице.

Таа ја истакна трендовската црвена боја со лакирана чанта и минијатурни очила за сонце од италијанскиот бренд.

Поврзани вести

📷Шерон Стоун го украде вниманието во гламурозна креација која не е за секого

Urednik

Мег Рајан покажа дека овие чевли никогаш не излегуваат од мода

Urednik

📸Кејт Мидлтон го комплетираше својот неверојатен стајлинг во црвено со елегантен шешир

Urednik