СТАНДАРД life
Стил

„Грдите“ сандали ја освоија и кралицата на црвениот тепих

Помеѓу служењето како амбасадор на брендот за Breitling и Dior во Њујорк, славната Шарлиз Терон најде време за женското финале на УС Опен, каде се натпреваруваа тенисерките Коко Гауф и Арина Сабаленка.

Позната дама од светот на Холивуд последните неколку дена престојува во Њујорк, на чии градски улици, но и на тениски терени, привлекува внимание со својот моден избор.

По креацијата на Givenchy во форма на топ од бисери и комбинацијата на Dior од фустан и џемпер во полноќно сино, таа избра лежерно, но не помалку интересно издание за финалето на УС Опен.

48-годишната ѕвезда реши да го проследи тенискиот меч, по кој Американката Коко Гауф стана победничка на овогодинешното издание на турнирот, во друга комбинација целосно потпишана од францускиот Dior.

Шарлиз Терон
Шарлиз Терон

Белата маичка со принт и минијатурно, плисирано беж здолниште, таа вешто го заокружи со парчиња кои ги интригираа „модниците“ во последните сезони.

Нејзиниот избор на чанта беше минијатурна, персонализирана верзија на чантата Book, чии најголеми фанови на познати личности се латино дивите Софија Вергара и Џенифер Лопез.

Покриена со бисери: Шарлиз Терон не остави никого рамнодушен во ова издание

Поврзани вести

Покриена со бисери: Шарлиз Терон не остави никого рамнодушен во ова издание

Urednik

Меган Маркл блеска во неодолива неутрална нијанса која одлично се вклопува со исончаниот тен

Urednik

Ниту француската модна икона не излегува без удобните чевли кои ќе бидат хит оваа есен

Urednik