СТАНДАРД life
Стил

Модна инспирација: Кралицата Летиција има совршен летен фустан, но и најудобни еспадрили

Шпанското кралско семејство моментално престојува на Мајорка, а традиционално го посетуваат планинскиот венец Сера де Трамунтане, оваа година дестинација им беа градините Алфабија во Буњола. За семејно излегување, кралицата Летиција и нејзините ќерки посегнаа по одлични летни стилови кои комбинираат удобност, тренд и вечна елеганција.

И додека кралската постара ќерка принцезата Леонор, наследничка на шпанската круна, воодушевуваше со ласкав зелен фустан од Манго, кралицата блескаше во фуксија фустан, боја која со својата популарност ја истисна црвената од владејачкиот трон.

Изборот падна на лелеавиот миди фустан без ракави со V-деколте и ремен на половината. Фустанот привлече посебно внимание со својот „згужван“ материјал, кој му даде дополнителен плус кога е во прашање изборот на фустан за патување.

Фустанот, кој беше многу едноставен во крој, најмногу се истакна со својата боја, која совршено се совпадна со владејачкиот феномен „Барби“ и движењето „Барбикор“ во модниот свет.

Летиција најде ласкава и многу женствена креација од брендот Адолфо Домингез, а припаѓа на колекцијата 2020 година.

Поврзани вести

📷Не се грижи што мислат другите: Никол Кидман во фустан за кој е потребна храброст

Urednik

Деми Мур во уште еден стајлинг кој вреди да се ископира од глава до пети

Urednik

Гламурозен стајлинг: Тејлор Свифт воодушеви во фустан од тантела

Urednik