24.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
Стил

Ниту француската модна икона не излегува без удобните чевли кои ќе бидат хит оваа есен

Кетрин Денев, легендарната 79-годишна француска актерка е позната по својот софистициран моден стил и женствените модни комбинации кои и ласкаат на нејзината згодна фигура.

Познатата русокоса го привлече вниманието кога пристигна во Венеција каде деновиве се одржува филмскиот фестивал, а стајлингот и беше беспрекорен.

Кетрин Денев
Кетрин Денев

Во црно од глава до пети, Кетрин беше олицетворение на францускиот шик, а изгледот го заокружи со ефективни кожни мокасини, кои се задолжителни оваа сезона, и тренди чанта со рачка од бамбус, впечатлив модел Gucci Bamboo од 1947 година.

Пристојна шминка, очила за сонце и коса спуштена на половина опав го заокружија овој беспрекорен изглед на француската филмска дива.

Поврзани вести

📸Северина во комбинација создадена за да привлече внимание

Urednik

📷Ријана повторно е русокоса, а ново-стариот имиџ се издвојува со најпосакуваните капути

Urednik

Мишел Обама покажа дека тексас фустанот е ласкав избор без разлика на возраста

Urednik