СТАНДАРД life
Стил

📷Бред Пит прослави 60-ти роденден, а со својот стајлинг ги шокираше луѓето

Познатиот актер Бред Пит вчера го прослави својот 60-ти роденден, голем јубилеј. Откриени се неговите роденденски планови и со кого го прославил важниот датум. Како што рекоа неговите блиски луѓе на почетокот на оваа година, оваа жена станува се поважна во неговиот живот. Романсата со Инес е и неговата најсериозна љубовна врска по разводот со познатата актерка Анџелина Џоли во 2019 година.

Во потполно опуштено расположение, актерот бележи пресврт во својот живот.

Бред Пит за својот роденден избра многу необичен стајлинг кој воопшто не се вклопува во високите модни стандарди, но е исклучително забавен и колоритен.

Оскаровецот носеше црни панталони со порелаксиран изглед, додека централниот дел на аутфитот беше ретро црна кошула со впечатливи златни дезени.

Бред Пит и Инес де Рамон
Бред Пит и Инес де Рамон

Инес Де Рамон избра краток бел фустан, кој го комплетираше со црни чорапи и бел шал.

Бред Пит и Инес де Рамон
Бред Пит и Инес де Рамон

Иако таа и Бред се прилично таинствени за нивната врска, љубовта се чини дека цвета.

Двојката е заедно од крајот на 2022 година, а извори блиски до Пит тврдат дека тој конечно доживува емотивно исполнување.

„Ова е првата вистинска врска на Бред по разводот. Тој ја претставува Инес како негова девојка. Прекрасно е што го гледаме на добро место. Инес го прави многу среќен”, пишува „Дејли Мејл“.

Поврзани вести

📸Сите застанаа кога Салма Хајек се појави во впечатливо здолниште кое не е за секого

Urednik

📸 Можете ли да верувате дека оваа жена има 74 години?

Radmila Tasevska

📷Џеј Ло покажа шик стајлинг, но се остана во сенка на нејзиното убиствено деколте

Urednik