СТАНДАРД life
Стил

Ревија на Амал Клуни во Венеција: Славната адвокатка го украде центарот на вниманието и со овој фустан

Иако вообичаено ја гледаме во духот на деловната елеганција, која соодветствува со функцијата на адвокатка за човекови права, Амал Клуни често изненадува во модата надвор од должноста, за што сведочат овонеделните сцени од Венеција.

Познатиот холивудски пар пристигна во Венеција на почетокот на неделата, како дел од новото издание на Мострата, а познатата британска адвокатка сервираше грст изданија со спектакуларни фустани во преден план.

Амал Клуни
Амал Клуни

Таа беше најзабележителна на доделувањето на DVF наградите, каде блесна во бајковит винтиџ фустан од почетокот на милениумот, дело на Џон Галијано за француски Dior, а ѝ претходеше сино-зелен модел стилизиран со препознатлива чанта потпишана од модната куќа Chloé.

Станува збор за модел на Nile minaudière кој ја имаше својата светска премиера како дел од колекцијата пролет/лето 2017 година на брендот. Достапна денес во три големини и широка палета на бои, не требаше многу време оваа чанта со препознатливиот детал на металната рачка во форма на нараквица да стане предмет на желба на светските модничари.

Амал го избра разголеното издание како идеален партнер во стилот на ласкавиот фустан со средна должина, кој покрај кројот се истакнува и со интересен графички принт.

Поврзани вести

Непогрешлива комбинација: Џенифер Лопез има есенски стајлинг кој вреди да се ископира

Urednik

ФАМОЗНО издание: Џенифер Лопез ги изненади сите со својот новогодишен стајлинг

Urednik

🎥Драстична промена: Познатата актерка е непрепознатлива со руса коса

Urednik