СТАНДАРД life
Стил

📷Емили Блант изненади со нов имиџ, но и со својот стил

Емили Блант уште еднаш докажа зошто е вистинска модна инспирација – овој пат на снимањето на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“.

Актерката се појави во впечатлив аутфит кој јасно испраќа порака за тоа кој е водечката дама во светот на модата. За оваа пригода, Блант избра софистицирано корсетско одело со бели пруги. Горниот дел е направен од корсет со нагласени линии, со видливи засилувања и врвки на предната страна и широки ремени, кои совршено ја обликуваат силуетата, а се дело на дизајнерот Жан Пол Готје.

Неочекуваната комбинација на елеганција и тренд е дополнително нагласена со бела кошула со потпис на куќата Кристијан Диор, украсена со препознатливо лого на предната страна, давајќи модерен и луксузен шмек на целиот аутфит. Тенка црна сатенска лента е дискретно врзана околу вратот во стил на вратоврска-машна, што внесува доза на разиграност во строгата комбинација.

Стилизацијата е надополнета со црни штикли со шпиц и висока потпетица, црни овални очила за сонце и скап модел на чантата D-Journey со потпис на модната куќа Dior.

Конечниот допир беше додаден на целокупниот стил – права и светло црвена коса, која носи допир на решителност и карактер, исто како ликот што Блант го отелотворува во новото продолжение на филмот „Ѓаволот носи Прада“.

Поврзани вести

Во ретко појавување со сопругата, Даниел Крег блесна со имиџ каков што не очекувавме

Urednik

📷Александра Радовиќ ги воодушеви следбениците со својот стајлинг! Здолништата и фустаните можат да одат на полиците

Urednik

Терон во ризична комбинација: Актерката „заборави“ маица, високите потпетици во преден план

Urednik