СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Позната цената и датумот на објавување на новиот „PlayStation 5“

Јапонската компанија „Сони“ објави дека ќе ја лансира следната генерација на конзоли за видео игри „PlayStation 5“ во ноември.

Јапонската компанија објавила дека новата генерација на конзолата ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск-драјв и 399,99 долари без драјв, објави Ројтерс.

Новата конзола ќе се појави на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на 12 ноември, додека ќе биде достапна во другите делови на светот седум дена подоцна – на 19 ноември.

„Сони“ ќе се приклучи на трендот на „покачување“ на цените, бидејќи наведе дека игрите за PS5 ќе чинат 70 долари наместо досегашните 60.

Поврзани вести

„Гугл мапс“ ќе покажува каде има најмногу инфицирани со Ковид-19

msp-admin

Facebook ќе им плаќа на корисниците да снимаат аудио-записи

msp-admin

Зошто никогаш не треба да купувате куфери во црна и сива боја: Им ја олеснувате „работата“ на крадците

Urednik