СТАНДАРД life
Здравје

Зошто не е добро да ги триете очите, особено веднаш штом ќе се разбудите? (ВИДЕО)

После ова видео ќе размислите двапати пред да ги триете очите.

Вака изгледа триењето на очите преку магнетна резонанца (МРИ), напиша авторот на видеото со видеото кое се прошири на социјалните мрежи и шокираше многумина.

Магнетната резонанца всушност открива како очното јаболко се движи во својата дупка кога го триеме окото. Во спротивно, експертите забележуваат дека би било попаметно да избегнувате триење на очите бидејќи може да ги оштетите ако го правите тоа премногу напорно и/или премногу често.

Прекумерното триење на очите може да ја оштети рожницата. Исто така, може да резултира со оштетување на видот и сериозна инфекција. Треба да посетите лекар доколку се појави некој од горенаведените симптоми – болка во очите, чувствителност на светлина, намален вид, заматен вид, црвенило…

Триењето на очите е поврзано и со кератоконус, состојба која се јавува кога вашата рожница постепено се испакнува нанадвор, или добива зашилена форма, пишува unilad.com, пренесува City Magazine.

Поврзани вести

Три корисни совети за вашето ЗДРАВЈЕ доколку работите од дома

Radmila Tasevska

10 знаци дека не јадете доволно протеини

Radmila Tasevska

Навиките кои не сте ги знаеле можат да го спречат стареењето

Radmila Tasevska