СТАНДАРД life
Здравје

Зошто треба да јадеме банани: Новите научни сознанија го поддржуваат ова егзотично овошје

Во брзото темпо на живот често се случува да заборавиме да јадеме, а да не зборуваме колку сите се трудиме да се храниме здраво. Во брзање се случува да посегнеме по нездрава храна која не е богата со хранливи материи кои ни се потребни во текот на денот.

Сепак, ви даваме пример како да внимавате на храната што ја јадете – со тоа што ќе јадете две банани дневно.

Според нутриционистите, ако ги консумирате овие две овошја дневно во текот на еден месец, здравјето на вашето тело ќе биде подобро, пишува „24infochannel.com“.

Зошто да ги јадеме?

Бананите се ниски со натриум и богати со калиум, што го прави ова овошје одлично за регулирање на крвниот притисок и здравјето на срцето. Научниците открија дека секојдневното консумирање банани го намалува ризикот од срцев удар за дури 40 проценти.

Бананата е одлична за луѓе кои имаат проблеми со дигестивниот систем како запек. Тие се богати со влакна и се одлични за помош при проблеми со дебелото црево.

Тие се одличен избор за ужина, особено пред тренинг, па затоа сите спортисти треба редовно да имаат банани во чантата.

Бананите можат да ви помогнат кога ќе почувствувате горушица, бидејќи можат да ја регулираат оваа непријатна состојба. Ако ви недостига железо, тогаш земете банана бидејќи содржи супстанции кои го поттикнуваат производството на црвени крвни зрнца и хемоглобин, што значи дека им помагаат на анемичните луѓе.

Интересно е што тие се добри и за луѓе кои се депресивни. Причината е затоа што тие се богати со триптофан, кој телото го претвора во серотонин, хормонот на среќата.

Добри се и за болки во грлото и помагаат во намалување на кашлицата.

Поврзани вести

Ексклузивна можност за справување со дебелината: „AS SLIM BODY CENTER“ нуди медицински третман за здрав живот

Radmila Tasevska

Студија: Времето кога јадете оброк може да влијае на ризикот од срцеви заболувања

Radmila Tasevska

7 СИМПТОМИ НА РАК НА ЦРНИОТ ДРОБ: Многу луѓе ги игнорираат, а исходот може да биде ФТАТАЛЕН

Urednik