СТАНДАРД life
Здравје

10 начини да го намалите ризикот од срцев удар: од јадење банана дневно до исклучување на кофеинот

Високиот крвен притисок се нарекува „тивок убиец“ бидејќи нема јасни симптоми иако е одговорен за половина од сите срцеви и мозочни удари.

Повеќето луѓе всушност не се ни свесни дека имаат хипертензија, поради што се верува дека милиони луѓе страдаат од висок крвен притисок без да знаат за тоа.

Затоа „The Sun“ објави десет начини на кои можете да го намалите ризикот од висок крвен притисок.

Прифатете го вежбањето

Одржувањето кондиција со редовно вежбање е докажано како ефикасно за намалување на крвниот притисок.

– Активноста им помага на крвните садови да бидат пофлексибилни, што пак помага за одржување на крвниот притисок – истакнува професорот Навед Сатар, почесен консултант за кардиоваскуларно и метаболичко здравје на Универзитетот во Глазгов.

Без оглед на тренингот што го правите, обидете се да направите повеќе. Никогаш не е доцна да пронајдете активност во која уживате.

Кажете му збогум на алкохолот

– Постои директна врска помеѓу количеството консумирано алкохол и високиот крвен притисок – истакнува проф. Сатар додавајќи: – Намалувањето на алкохолот колку што е можно повеќе и одржливо ќе го намали и крвниот притисок.

Пиењето ги стеснува крвните садови, што го зголемува крвниот притисок и придонесува за зголемување на телесната тежина. Започнете со одредување колку алкохол консумирате неделно. Препорачаната граница е 14 единици или „една пијачка на ден“. Но, колку помалку толку подобро.

Преминете на темно чоколадо

Какаото, клучната состојка на чоколадото, како што е покажано во студијата на Универзитетот во Сари – ги шири крвните садови за три часа.

– Какаото е богато со антиоксиданси наречени флавоноли. Постојат докази дека луѓето кои јадат повеќе храна богата со флавоноли имаат подобро контролиран крвен притисок – објаснува д-р Рејчел Вард од Оксфордшир.

Ослободете се од солта

Најбрзиот начин да го намалите крвниот притисок е да ги исфрлите солените грицки од вашата исхрана. Ова вклучува преработки од месо, готови оброци и леб.

Возрасните не треба да консумираат повеќе од шест грама сол дневно, но повеќето од нас јадат многу повеќе.

– Научете постепено да ја намалувате солта со преквалификација на непцето. Елиминирајте ја додадената кујнска сол и храната богата со сол. По неколку недели луѓето се навикнуваат на тоа и што е најважно уживаат во благодетите на помалку солената храна – истакнува Сатар.

Живејте без кофеин

Пијалоците со кофеин, вклучувајќи ги енергетските пијалоци и кафето, може да предизвикаат кратко, но драматично зголемување на крвниот притисок.

Кофеинот, инаку, е најчесто користениот стимуланс во светот. Но, иако ја зголемува вашата будност и ви дава енергија, пиењето повеќе од четири шолји кафе дневно може да го зголеми вашиот крвен притисок. Во ред е да пиете дури и кафе, но не дозволувајте тоа да ви биде главен извор на внесување течности.

Контролирајте ги порциите на храна

Дополнителна тежина значи дека ви треба повеќе проток на крв за да ги нахраните масните клетки и да испорачате кислород до ткивото.

– Ова значи дека ви треба повеќе телесни течности, кои потоа ги оптоваруваат вашите крвни садови – објаснува Сатар и предлага да направите мали и постепени промени на кои можете да се придржувате: – Јадете повеќе овошје, зеленчук и влакна, а помалку храна богата во масти и шеќер.

Сепак, професорката додава дека главниот проблем е големината на порцијата и премногу калорични оброци кои се јадат „од нога“.

Банана на ден

Ако ви е тешко да ја исфрлите солта од исхраната, набавете банани, лиснат зеленчук, лосос, авокадо, кајсии, туна и грав. Во 2022 година, научниците од Холандија открија дека храната богата со калиум ги намалува ефектите од премногу натриум, особено кај жените.

Нивната студија на речиси 25.000 постари Британци покажа дека оние кои редовно јаделе храна богата со калиум имаат 13 отсто помали шанси да добијат срцев или мозочен удар.

Вежбајте сила

Кардио вежбите како трчање или пливање не се единствениот вид вежба што треба да се испроба кога станува збор за намалување на крвниот притисок.

– Една неодамнешна студија сугерира дека изведувањето редовни изометриски вежби како што се „планк“ или „чучњеви“ на ѕид има ефект на намалување на крвниот притисок – вели д-р Вард и предлага да се обидете да држите „планк“ 20 секунди по три пати, со 30 секунди пауза помеѓу.

Конзумирајте љубов

Оргазмот може директно да го намали крвниот притисок, тврди студијата на Државниот универзитет во Џорџија во САД. Волонтерите на тесторамо имале отчитувања на крвниот притисок до 13 проценти понизок ден откако доживеале кулминација. Редовната интимност е исто така форма на вежбање, која многу се препорачува за здраво срце.

Изгаснете ги цигарите

Познато е дека пушењето е исклучително опасно за срцето и циркулаторниот систем. Бидејќи високиот крвен притисок предизвикува стеснување на артериите, ако пушите, овој процес се случува многу побрзо. Цигарите ги оштетуваат ѕидовите на крвните садови, што ја зголемува веројатноста за згрутчување и блокирање на крвта и го тера срцето да работи понапорно.

Поврзани вести

Висок крвен притисок и алкохол: Кој е загрозен, какви се последиците и дали има некакви придобивки?

Urednik

Диететичарите предложија храна која треба да ја јадеме наутро доколку сакаме да ослабеме

Radmila Tasevska

Храна полна со витамин Д – го спречува опаѓањето на косата и го забавува стареењето

Urednik