СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

VR очила за крави за зголемување на производството на млеко

Руска фарма одлучи да го зголеми производството на млеко на малку неконвенционален начин со опремување на своите крави со очила за виртуелна реалност.

Преку нив ќе се обидат да ја намалат вознемиреноста на животните и со тоа да го подобрат производството на млеко.

За таа цел, кравите се опремени со специјално дизајнирани очила што се вклопуваат на главата, а прикажаната содржина вклучува симулација на летно поле.

Министерството за земјоделство и храна во Москва цитира студија која открива врска помеѓу емоционалното искуство на кравите и количината на млеко што ја даваат.

Според него, првите тестови откриле подобрување на целокупната емоционална состојба на стадото, а експериментите биле извршени на фарма RusMoloko во Московската област.

Поврзани вести

LG го развива флексибилниот дисплеј за Apple

Влатко Зорба

Како се станува милионер, ако сте „бел“ хакер?

msp-admin

Apple го претстави новиот iPhone12 (ВИДЕО)

msp-admin