СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пивара Скопје донираше паркиралиште за велосипеди во Кавадарци

Во рамките на платформата за промоција на велосипедската култура, Пивара Скопје донираше уште едно паркиралиште за велосипеди, овој пат во Кавадарци, кое е лоцирано кај спортскиот центар „Јасмин“ во овој град. Проектот е реализиран во соработка со општината Кавадарци.

Со оваа донација Пивара Скопје ја продолжува својата мисија да ги инспирира граѓаните почесто да го користат велосипедот како алтернативен транспорт, со што ќе се овозможи поголема грижа за животната средина.

„Долгогодишна заложба на Пивара Скопје е вложување во заедницата во која делуваме. Верувам дека со оваа донација наменета за жителите на општина Кавадарци, ние како Пивара Скопје ќе дадеме свој придонес во промоција на рекреативниот и урбаниот велосипедизам како начин на живот, но и во подигање на свеста за велосипедот како енергетски најефикасен градски транспорт, со цел поголема заштита на животната средина“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.

На денешното пуштање во употреба на новото паркиралиште за велосипеди беа присутни спортисти и граѓани кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство.

„Во оваа пригода се заблагодарувам на добрата соработка и на донацијата на Пивара Скопје, како општествено одговорна компанија која ја поддржува нашата заложба за одржлив транспорт во градот и се вистински пример за грижа кон заедницата. Општина Кавадарци непрекинато вложува и инвестира во спортот. Од големо значење е младите да стекнат спортска култура сѐ со цел подобар и правилен развој. Велосипедизмот е доста развиен во нашата општина и зема сѐ поголем замав. За нас е многу важно да создадеме услови и да ги поттикнеме граѓаните, а особено младите луѓе, во што поголем број да го користат велосипедот како алтернативно транспортно средство“, изјави градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

На локацијата во Кавадарци поставен е пар од „СКОПСКО“ и „СКОПСКО Smooth” паркиралиште, во облик на препознатливото шише на СКОПСКО.

До крајот на годината планирано е да се постават уште три паркиралишта за велосипеди на различни локации. Досега Пивара Скопје постави вкупно 11 „СКОПСКО“ и „Coca-Cola” паркиралишта за велоспеди, на различни локации ширум земјава.

Поврзани вести

КРИПТО-СЕМЕЈСТВО: Вложиле се што имаат во биткоин, сега им се исплати (ВИДЕО)

msp-admin

Грција шампион во ОИЕ на Балканот во изминатата година

Влатко Зорба

Фејсбук го ограничува пристапот до политичката содржина на својата платформа

Влатко Зорба