СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Догодина сепак можеме да видиме Pocophone F2

Во есента 2018 година, Xiaomi нè изненади со лансирањето на Pocophone F1, кој беше еден од најевтините уреди со чипсет Snapdragon 845, а се очекува во 2020 година компанијата да го објави наследникот на моделот. Благодарение на одговор на Твитер од менаџерот на марката Алвин Це, дознаваме дека компанијата подготвува нешто ново следната година во однос на POCO.

Иако ова не е официјална потврда за појавата на Pocophone F2, сосема е веројатно дека станува збор за овој модел. Покрај чипсет од топ-класа, смартфонот вклучува и 6 GB / 8 GB RAM меморија, 64 GB / 128 GB / 256 GB меморија, 6,18-инен 18,7: 9 исечен дисплеј со FHD + резолуција, контраст 1500:1, Gorilla Glass 3 стакло и осветленост од 500нита, и батерија со капацитет од 4000 mAh, која поддржува технологија Quick Charge 3.0.

Главната камера комбинира 12MP сензор Sony IMX363 пиксел (1,4 микрометар) со сензорот за длабочина од 5MP на Samsung. Камерата, исто така, доаѓа со Dual Pixel автоматски фокус за многу побрзо фокусирање.
Компанијата додаде и различни алгоритми за вештачки интелект за да ги оптимизира фотографиите и автоматски да ги прилагоди параметрите и да создаде портрети со boke ефект.

Поврзани вести

Chrome го направи сурфањето на Интернет многу побезбедно

Влатко Зорба

Новата надградба на Windows 10 поправа проблем со печатачите што предизвикуваше пад на системот

Влатко Зорба

Смартфоните на Samsung ќе можат да се користат и како POS терминали

msp-admin