СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Поради сигурносна грешка на WhatsApp, вашиот број е јавно достапен

WhatsApp е една од најпознатите апликации за разменување на пораки ширум светот, а во истражувањето кое го спроведе Duesche Welle, откриен е сериозен сигурносен пропуст кој вознемири многумина, пренесува Index.hr.

Откриено е дека линковите кои водат до приватните WhatsApp групи, можат да бидат лесно најдени преку Гугл. Кога личност, сурфајќи на интернет ќе го најде тој линк, може да се видат сите членови и називи на таа група, па дури и нивните телефонски броеви.

Овој проблем го открил Лав Кумар, експерт за сигурност, кога сурфајќи на интернет нашол повеќе од 60.000 линкови кои воделе до различни WhatsApp групи. Нашол дури и потенцијални терористички групи и онакви во кои се споделувале потенцијални сексуални и педофилски содржини.

За овој сигурносен пропуст Фејсбук, кој е сопственик на WhatsApp, знае уште од 2016 година. Од Фејсбук упорно ја фалат оваа апликација како најсигурна, но сега се покажа поразлично. По првата пријава на проблеми, се вовеле нови мерки кои делумично го решиле проблемот, но во 2019 година, добиле повторна пријава за истиот проблем која не ја сфатиле сериозно.

Потоа изјавиле дека корисниците сами можат да го решат тој проблем, доколку едноставно престанат да ги објавуваат линковите од групите на социјалните мрежи. Сепак на тој начин не се решава проблемот со видливоста на телефонските броеви и имињата на членовите. Гугл, оневозможе едноставно да се наоѓаат групите преку пребарувачот, но оние кои се поупорни и повешти, се уште можат да дојдат до нив.

Поврзани вести

Viber со нова функционалност за организирање на задачи

msp-admin

Android 11 презеде една петтина од паметните телефони и таблети во САД

Влатко Зорба

Лоши навики кои ги уништуваат нашите компјутери

msp-admin