СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Новогодишниот карван на Еуроникел Индустри во посета на децата од здравствени и образовни установи во Кавадарци и Возарци

Кавадаречкиот комбинат Еуроникел Индустри им подели новогодишни пакетчиња на штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби, за посебните паралелки со ученици во инклузија во ОУ Страшо Пинџур, како и за децата од основното училиште и градинката во Возарци. Додека пак, денеска на
31 декември, неколку часа пред да започнат новогодишните прослави претставници
на компанија ќе ги посетат децата во ЈЗУ Општа Болница, Кавадарци. Посета на детските здравствени и образовни установи Кавадарци и во селото Возарци за предновогодишните празници и носењето пакетчиња од страна на претставници на компанијата е редовна активност и долгогодишна традиција со која се зацврстува релацијата и односот со заедницата.

“Еуроникел Индустри е компанија каде се почитуваат и негуваат вистинските вредности и меѓучовечките релации. Токму затоа преку разни активности, а во рамките на нашата општествена одговорност, одржуваме блиски врски со заедницата и ги поттикнуваме хуманитарните, едукативните, еколошките и спортските процеси. Посебно секоја година во претпразничниот период преку посети на образовни и здравствени детски установи и со поминато квалитетно време во дружење со децата, се обидуваме да им ја доловиме новогодишна атмосфера и празничниот дух. Веруваме дека со нашите посети внесуваме малку радост и надеж дека се ќе биде подобро во Новата Година”, изјави Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникел
Индустри.
Компанијата Еуроникел Индустри со својата поддршка е вклучена во сите локални активности, но6 посебно е посветена на грижата за децата, нивната добросостојба и целокупното подобрување на образовниот процес. Како дел од општина Возарци, Еуроникел Индустри има воспоставено блиска соработка со Месната заедница
Возарци како и со Еколошкото друштво Тисовец. Соработката меѓу компанијата и локалните власти и еколошкото друштво се проширува на повеќе области, преку поддршка на активности и манифестации организирани од друштвото или месната заедница. Преку дадена помош компанијата помогна и учествуваше во одбележување на празниците Мала Богородица и Водици, додели помош за одржување на фудбалскиот турнир, беше и дел од заедничката организација на Еко квизот што ги опфаќа сите основни училишта во Кавадарци.

Поврзани вести

Месец на хуманост со „Cooking with Branko“ и Витаминка

msp-admin

Тешко преку граница: Трговските правила по „Брегзит“ проблем за помалите компании

Влатко Зорба

ЕУ одобри милијарди евра помош за батерии

msp-admin