СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Телеком лани со добивка од 1,5 милијарди денари

Македонски Телеком минатата 2019-та година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.505.395.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза, цитиран од Бизнис Инфо.

Во 2018-та година, добивката на телекомуникациската компанија достигна ниво од 1.421.564.000 денари.

“Нето добивката за 2019-та година е зголемена за 6,3% (без ефектот од МСФИ 16) во споредба со претходната година, додека нето добивката (вклучувајќи го ефектот од МСФИ 16) е зголемена за 5,9% и изнесува 1.505.395.000 денари. Имплементацијата на МСФИ 16 има негативен нето ефект на нето добивката во износ од 5.552.000 денари“, стои во Образложението за работењето на Македонски Телеком.

Приходите од продажба во 2019 година изнесуваат 10.840.514.000 денари, што, како што се наведува, претставува зголемување за 3,6% во споредба со претходната година.

Поврзани вести

Прифатени 8.330 приговори за домашната платежна картичка

msp-admin

Во петок, започнува со работа „Скопје Сити Мол“: Со највисоки светски стандарди фокусирани за безбедноста на здравјето на посетителите

За што најмногу се жалат македонските потрошувачи?

msp-admin