СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Дали е-возилата се наменети само за богатите? „Еуро 7“ се заканува да избрише десетици илјади работни места

Со „Еуро 7 стандардот за издувни гасови 2025“, целата автомобилска индустрија се соочува со голема неизвесност. Производството на модели на дизел и бензин нема да им се исплати на многумина, а проблем се малите градски автомобили, кои се најпристапни за повеќето Европејци, како и десетици илјади работни места во индустријата.

Претседателот на работничкиот совет на БМВ, Манфред Шох, предупреди на ова на Форумот на автомобилскиот клуб Мобил во Германија.

– Ќе доживееме невработеност на невидени нивоа. Ако политичарите опстојуваат на тоа, нема да биде добро – вели тој.

Намалувањето на бројот на модели (и преминот кон електрични возила) ќе влијае на бројот на вработени во автомобилската индустрија, а доставувачите на делови ќе бидат особено погодени.

Шох вели дека се заборава на луѓето во грижата за климатските промени. На форумот се слушна идејата дека германското Министерство за заштита на животната средина исто така смета дека оваа норма е неизводлива.

Од Европската унија се бара сериозно да ги разгледа синтетичките горива, што може да заштеди бензин и дизел, а исто така да понуди и одржлива подвижност, односно помали емисии на штетни гасови.

На крајот беше заклучено: електричните автомобили се прескапи и многумина нема да можат да си го дозволат тој луксуз.

Поврзани вести

Следната година, Xiaomi може да лансира над десет 5G смартфони

msp-admin

Google ќе плаќа надомест на италијанските медиуми

Влатко Зорба

Можете да вратите до 4.500 денари: Продолжениот викенд за 11 Октомври викенд без ДДВ

Берта Китинска