СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефот на СЕФ со лоша прогноза за капитализмот

Пандемијата Ковид-19 несомнено остави голем белег врз човекот, планетата, бизнисот и заработката. Јазот меѓу богатите и сиромашните сега е подлабок отколку што беше, и тоа е една од темите на Светскиот економски форум (СЕФ), што се одржува на Интернет во 2021 година.

Професорот и основач на Форумот, Клаус Шваб, фрли светлина на овој проблем и истакна дека на светот му треба подобра врска помеѓу приватниот и јавниот сектор, ако навистина планираме да воспоставиме глобална револуција во работните вештини.

– Светот на иднината не е свет на капитализмот, туку свет на таленти – вели Шваб.

Вештините „на глас“ до 2025 година

Технологијата оди напред и не чека никого, па вработените ќе мора да се обидат да се вклопат во нејзините рамки. Учењето никогаш не запира, а фокусот ќе биде насочен кон аналитичко размислување и иновации за неколку години.

Исто така, има активно учење и усвојување стратегии, решавање на комплексни проблеми, анализа и критичко размислување, креативноста и оригиналноста ќе бидат ценети сè повеќе и повеќе.

Покрај тоа, социјалното влијание и лидерството, употребата на технологијата, контролата и мониторингот, потоа дизајнот и програмирањето, толеранцијата и флексибилноста на стресот, рационализацијата, решавањето на проблемите се важни во 21 век.

4 неопходни услови за постигнување рамнотежа во општеството

Милиони луѓе ширум светот немаат пристап до соодветно (или никакво) образование, работни места, Интернет, обука. Можете ли да го замислите животот денес без телефон или глобална мрежа?

Светскиот економски форум ги потенцира клучните начини да се надминат овие проблеми, да се направи светот подобро место за многу луѓе, во следните децении.

1. Еднаквиот пристап до образование и вештини / обуки за учење е еден од приоритетите, а „Амазон“ е земен како добар пример, поради своето искуство во добро организирани програми за обука. Целта е „позадината“, потеклото, образованието и географската положба на една личност да не влијаат на неговиот понатамошен напредок. Во 83% од случаите, Ковид ги „принудил“ компаниите да се прилагодат на работа од далечина, да усвојат дигитализација (84%) и автоматизација (50%).

2. Соодветен, сигурен пристап до Интернет за сите. Две третини од децата на училишна возраст – или 1,3 милијарди деца на возраст од три до 17 години – немаат Интернет врска во своите домови, според заедничкиот извештај на УНИЦЕФ и Меѓународната унија за телекомуникации (ITU). Без пристап до Интернет во овие времиња, професионалците, студентите и оние кои сакаат да учат и градат, не можат да се справат добро.

3. Соработка во приватниот и јавниот сектор. Со цел да се промовира поголемо учество на работната сила и да се постават темелите за глобално економско закрепнување, од суштинско значење е партнерите од приватниот и јавниот сектор да ја направат обуката лесно достапна. Ова не е предизвик што една организација или дури и еден сектор може да го реши самостојно. Ќе бидат потребни континуирани напори од сите страни. Еден пример за успешно јавно приватно партнерство во моментов се одвива во Шпанија. AWS работи со шпанската влада за обука на невработени работници во Арагон.

4. Посветеност на лидерството. Шваб истакнува дека квалитетите што го прават добар лидер се дека тој „има мозок“, дека ги има вистинските вештини за решавање на одредени задачи; потоа, водачот мора да „има срце“, односно страст кон работата; исто така, душата е внатрешниот компас што води напред и ги нагласува вредностите; но и „мускулите“ (силата) се неопходни за извршување на работата.

Поврзани вести

Економијата на Ирска расте побрзо од кинеската

Влатко Зорба

Проценките ѝ даваат на Европа придобивка од 5G од околу 210 милијарди евра

msp-admin

Пекевски: Менаџерите треба да инвестираат во професионализмот бидејќи без тоа нема раст

msp-admin