Водечките технолошки компании се најдоа во центарот на сериозен притисок на јавноста кога пред неколку месеци стана јасно дека тие правеле аудио-записи на потрошувачите без нивно знаење. Меѓу нив се Amazon, Apple, Google, Microsoft и Facebook. Податоците за овие активности природно создадоа негативни коментари, па дури и се појавија информации дека на Facebook им се закануваат нови антимонополски истраги во ЕУ, поради аудио-записите на потрошувачите. Во овој случај, компанијата формираше тим од вработени кои преведуваат и прегледуваат аудио-записи со цел да го подобрат целокупниот квалитет на нивниот софтвер.
На прв поглед, ова можеби не звучи толку застрашувачко, но во исто време, самите корисници не се свесни за постапките на социјалната мрежа и за фактот, дека аудио-записи воопшто се слушаат. Секако никој не може да биде задоволен да знае дека водечките технолошки компании го снимаат тоа без наше знаење. Сепак, Amazon, Google и Facebook ги известија своите клиенти дека направиле измени во начинот на собирање податоци за секоја сметка и ги прекинале овие практики. Сепак, за многу корисници, сомнежите остануваат. TheVerge не известува дека Facebook сега е подготвен со алтернативно решение.
Компанијата ја започна програмата „Pronunciations“, која е дел од апликацијата „Viewpoints“. Според параметрите, секој корисник може доброволно да обезбеди аудио-записи на Facebook и да биде награден за тоа. Според податоците, еден запис ќе генерира 200 поени во апликацијата, што може да се повлече како пари кога ќе достигне 1.000 поени. Ова е еквивалентно на награда од 5 долари во PayPal. Самите записи говклучуваат изразот „Hey Portal“ дополнет со имиња до 10 пријатели во вашиот список со контакти. Програмата бара да имате 18 години и над 75 пријатели на Facebook.