СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Голем интерес во Тетово за мерката 113 – млад земјоделец од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Здруженијата „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ од Тетово вчера организираа инфо сесија за пчелари, земјоделци и сточари за мерката 113-млад земјоделец по повод јавниот повик на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-Голем број земјоделци, пчелари и сточари имаат интерес за оваа мерка и беше потребна инфо сесијата за да се дознаат начините како да се исполнат критериумите за да се добие помошта од Министерството и Агенцијата. За оваа мерка максимална вредност на прифатливи трошоци е 20 000 евра и претставува висок износ, истакна Дритон Дикена од „Градот на пчелите“.

Пред заинтересираните говореа Петре Петревски и Абдулселам Селами од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Хисен Џемаили- министер без ресор за домашни инвестиции, Нефрус Челику – државен секретар на Министерството за земјоделство и Ленче Николовска – експерт за земјоделска политика од Агротим.

Поврзани вести

Здружение на оштетени штедачи: Дали надлежите институции ќе ја откријат вистината за пропаѓањето на „Еуростандард“?

Влатко Зорба

СИНДИКАЛЕН МАРШ за 1.мај под мотото „ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ!“

Влатко Зорба

Со уредба продолжен рокот во кој ќе се менуваат договорните услови на кредитите за 90 дена по вонредната состојба