СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германски трговци тестираат кеси што се јадат

Германските трговци на мало Edeka и Rewe неодамна започнаа со тестирање на кеси коишто се јадат, со цел да ја намалат количината на пластика во своите маркети, пренесува „Бизнис Инфо“.

Овие два трговски ланци до новото решение дошле одделно во соработка со меѓународни компании коишто се занимаваат со правење ваков вид на кеси. Имено, сите производи се наоѓаат во специјални пакети коишто се транспортираат во тенки, заштитни кеси за јадење.

Заштитните кеси на Edeka ги прави американската компанија Apeel Sciences, а оние кои пробале од кесите што се јадат истакнуваат дека се вкусни. Кесите се направени од овошје и зеленчук, семки и природни лушпи.

Оваа кеса не дозволува губење на водата, распаѓање и овозможува храната да остане свежа. Најновите кеси се наоѓаат во избрани продавници.

Rewe, исто така, започна со тестирање на вакви кеси коишто се направени од природен шеќер, каши и разни растителни масла, коишто ги произведува британската компанија AgriCoat NatureSeal.

Поврзани вести

Huawei го преполовува производството на паметни телефони?

Влатко Зорба

Граѓаните од С. Македонија и понатаму ќе можат да патуваат во Германија за да работат

msp-admin

Вежбајте со Неотел и CROSSFIT Скопјe и #ОСТАНЕТЕЗДРАВИ

msp-admin