СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на НО на осигурителната компанија. Имери во Халк Осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа.

Халк Осигурување работи во секторот на неживотно осигурување и на нашиот пазар е присутна од 2007 година. Компанијата е во целосна сопственост на Халкбанк АД Скопје која во јануари 2019 година преку Македонската берза за хартии од вредност откупи 100% од акциите на Нова Осигурување АД Скопје.

Новиот претседател на НО, Беркан Имери е присутен во компанијата од стартот на нејзината работа под новиот бренд Халк Осигурување. Компанијата, чие седиште е во Скопје, преку свои подружници во 20-тина градови, делува на територијата на целата земја, а услугите на Халк Осигурување се нудат и преку многубројни брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички компании.

Поврзани вести

Бафет има 90 години и 85 милијарди долари во џеб: Овие 4 книги радикално му го смениле животот

msp-admin

Во владата ќе се потпише договор за закуп на земјиште со турската компанија „Пурпласт“

msp-admin

Apple испорачал 30,7 милиони часовници во 2019 година

msp-admin