СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

УЈП го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 до 31-ви март

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.02.2020-29.02.2020 се продолжува до 31 март 2020 година.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус),

Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за 7 (седум) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година.

Поврзани вести

Ако Македонец сака да си купи нов iPhone, тогаш само за него ќе мора да работи 76 дена

msp-admin

Rosenblatt Securities: Акциите на Apple можат да намалат и до 150 долари

msp-admin

Кина ги намалува царините за повеќе од 850 увезени производи

msp-admin