СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ДЗС: Во февруари годинава зголемување на трговијата на мало

Во трговијата на мало, во февруари 2020 година споредено со февруари 2019 година се бележи пораст во трговијата со храна, пијалоци и тутун и непрехранбени продукти освен горива, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7.6 %, а реално за 5.8 %), трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10.0 %, а реално за 9.7 %), трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8.7 %, а реално за 7.7 %) и трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 6.5 %, а реално за 1.4 %).

Поврзани вести

„Алибаба“ казнети со 2,8 милијарди долари заради монопол

Влатко Зорба

Најголемиот светски производител на батерии го открива движењето на цените на литиумот

Влатко Зорба

„Визер“ привремено затвора 36 рути во регионот

msp-admin