СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Една унца злато за две години ќе „тежи“ 3.500 долари

Цената на златото во вторникот достигна вредност од 1.980 долари. Иако една унца (31,1 грам) оваа година поскапи за скоро 30%, повеќе аналитичари предвидуваат понатамошен раст бидејќи факторите што управуваат со нејзиниот раст остануваат непроменети, пишува Seebiz.

Прво, постои огромно печатење на пари од централните банки, нулта или дури негативна каматна стапка, непрофитабилен пазар на обврзници, крајно неизвесна економска иднина, а во последните недели и намалување на вредноста на доларот и нови несогласувања меѓу Вашингтон и Пекинг.

За две години, границата од 3.500 долари би можела да падне, сметаат некои аналитичари, истакнувајќи дека златото растело седум или осум пати по намалување на неговата вредност. Ако за основна цена се земе цената од 1.050 долари, тоа би можело да значи и раст до 8.000 долари.

Значајно е да се спомене колку лесно е срушен рекордот од 1917 долари од септември 2011 година. Вчера пазарот се консолидираше, се собра профитот, но попладне цената повторно достигна 1.950 долари, што значи дека пазарот е прилично силен.

Поврзани вести

„Јутјуб“ ја суспендираше сметката на Трамп

Влатко Зорба

Колемишевски за „FDI Intelligence“: Нема да сопреме со законските измени и реформи, процесот ќе привлече странски инвеститори

msp-admin

Икеа создава 3 пати повеќе работни места преку социјално претприемништво

Влатко Зорба