СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бележат загуби од 12 милијарди долари, но плаќаат бонуси на работници

„Боинг“ објави дека ќе плати бонуси на повеќето вработени следниот месец.

Тоа ќе го стори и покрај загубите од 12 милијарди долари во изминатата година како резултат на пандемијата на коронавирус.

Повеќето работници не добиле годишни бонуси минатата година, откако компанијата изгубила 636 милиони долари поради приземјениот авион тип „737 MAX“ со одлука на Американската федерална управа за авијација, пишува „Сиетл тајмс“.

Компанијата ја смени структурата на планот за стимулирање во февруари и ги поврза финансиските цели со првите испораки на овој авион по откажувањето на одлуката за приземјување. Претходно, бонусите се исплаќаа врз основа на профит.

Директорот Дејв Калхун ги информирал вработените дека бордот на директори „ги почитува важните чекори што ги направил овој тим“, пишува Срна.

Во средината на ноември беше укината одлуката за приземјување на авионот „737 MAX“, а компанијата на 8 декември му го испорача првиот нов авион на купувачот, со што се обезбеди исплата на бонуси според новиот план.

Бонусите ќе бидат исплатени следниот месец, а нивниот износ ќе зависи од предметниот оддел.

Поврзани вести

Црногорската влада купи два авиона за новата авиокомпанија

Влатко Зорба

„Астра“ донираа медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на Општата болница во Охрид

msp-admin

Убер со видео порака за 3 минути отпушти 3.500 работници

msp-admin