СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Амазон“ ги отфрли обвинувањата дека нивните работници мократ во шишиња

Технолошкиот гигант и една од најголемите платформи за трговија преку Интернет во светот „Амазон“ ги отфрли обвинувањата на републиканскиот сенатор од Висконсин, Марк Покан, дека вработените во дистрибутивните центри на таа компанија се под толку голем притисок што мораат да уринираат во шишиња. Компанијата наведува дека ако ова е вистина, никој не би работел за нив.

Тврдењето на претставникот на Висконсин, Марк Покан, следеше по коментарите на еден од директорите на „Амазон“, Дејв Кларк, во врска со платата и условите за работа во таа компанија.

Во пресрет на посетата на сенаторот Берни Сандерс на еден од дистрибутивните центри на малопродажниот гигант во Алабама во петокот, Кларк го критикуваше сенаторот од Вермонт, кој жестоко лобираше за зголемување на минималната плата на федерално ниво на 15 долари на час.

Минатата недела, Сандерс го критикуваше извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, на сослушувањето Сенатскиот одбор за буџет за изјавата дека слушнал „докази за тешки работни услови, долг престој на работното место и недостаток на безбедност“ од вработен во компанијата.

Среде обвинувањата за исцрпувачки услови, „Амазон“ ги обесхрабри обидите на своите работници да се организираат, правејќи го цел на американското работничко движење, според „Њузвик“.

Работниците во центарот во Бесемер имаат рок до понеделник да гласаат дали ќе формираат синдикат, што би бил прв во историјата на компанијата.

Но, Кларк ги бранеше условите за работа во Амазон.

„Често велам дека ние сме работодавци на Берни Сандерс, но тоа не е баш правилно, бидејќи ние всушност обезбедуваме прогресивно место за работа“, напиша Кларк на Твитер.

Во следен твит, Кларк рече дека ако „сакате да слушнете за плата од 15 долари на час, сенаторот Сандерс зборува за тоа во центарот на градот“.

„Но, ако сакате да заработите барем 15 долари на час и да имате добра здравствена заштита, „Амазон“ вработува“, напиша Кларк.

Следуваше одговор на претставникот на Висконсин, Марк Покан, кој ги коментираше претходните тврдења во врска со практиката на компанијата, што вклучува строги квоти за производство, долго време поминато на работното место и недоволни паузи.

„Плаќањето на работниците 15 долари на час не ве прави „прогресивно работно место“ кога уништувате синдикат и ги терате работниците да мократ во шишиња вода“, напиша Покан

Потоа следуваше одговорот на компанијата од Твитер профилот „Амазон њуз“.

„Вие навистина не верувате во уринирање во шишиња, нели? Да беше тоа точно, никој не би работел за нас. Вистина е дека имаме над милион неверојатни вработени ширум светот кои се горди на она што го прават и имаат одлични плати и здравствена заштита од прв ден“, се вели во твитот.

Поврзани вести

Дали „Амазон“ ќе ги шпионира сите што го критикуваат?

msp-admin

Кина ги намалува царините за повеќе од 850 увезени производи

msp-admin

Цените на шеќерот на највисоко ниво во последниве 4 години

Влатко Зорба