СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Се ближи крајот на конфликтот меѓу Кина и Џек Ма

Гувернерот на кинеската централна банка и сигнализираше на „Ант Груп“, чиј сопственик е милијардерот Џек Ма, дека вратата е отворена за дебито на оваа компанија на пазарот на капитал, што може да биде знак дека односите меѓу официјална Кина и оваа компанија конечно се подобруваат.

Имено, Пекинг ја иницираше контролата врз компаниите на Ма, откако тој одржа контроверзен говор во Шангај на 24 октомври, во кој го критикуваше кинескиот регулаторен систем што ја задушува иновацијата, и ги спореди глобалните банкарски правила со „клуб за пензионери“.

Нешто повеќе од една недела подоцна, на почетокот на ноември, првата јавна понуда на неговата компанија „Ант Груп“ беше суспендирана со рекордни 37 милијарди американски долари, кои веќе имаа одобрение од кинеското надзорно тело за хартии од вредност, а кинеските власти започнаа антимонополска истрага против Алибаба на крајот на декември и побара од „Ант груп“ да го преструктуира својот бизнис.

Гувернерот на кинеската централна банка, Ганг Ји, на Светскиот економски форум во Давос изјави дека првичната јавна понуда на „Ант Груп“ може да дојде под соодветни околности.

Тој го објасни стопирањето на понудата како „комплицирана работа“ и истакна дека и покрај видливите придобивки што ги носат големите технолошки компании, тие исто така доведуваат до ризик од монополи и кршење на правата на потрошувачите, што бара контрола од државата.

По конфликтот со државата, Ма исчезна од јавната сцена скоро три месеци. Неговото исчезнување од јавната сцена предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа, особено во време кога вредноста на неговата компанија започна да опаѓа.

Сепак, милијардерот неодамна, по три месеци, се состана со 100 рурални наставници од Кина, а состанокот се одржа преку видео вска, пишуваат локалните медиуми.

Поврзани вести

Алкалоид со добивка од 847,4 милиони денари за девет месеци

msp-admin

Kia го претстави својот прв електричен кросовер

Влатко Зорба

Швајцарија најиновативна, Македонија 59-та во светот

msp-admin