СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Авиокомпаниите предупредуваат: 25 милиони работни места низ целиот свет може да бидат загрозени

Авиокомпаниите предупредуваа дека поради пад на патувањата, 25 милиони работни места низ целиот свет може да бидат загрозени, а Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (ИАТА) повика на итна помош од владите, бидејќи авиопревозниците немаат пари.

Глобалниот воздушен сообраќај опадна за 70 проценти на почетокот на вториот квартал, соопшти ИАТА, при што европските летови паднаа за 90 проценти.

Извршниот директор на ИАТА, Александер де Жуниак, рече дека авиокомпаниите ширум светот не можат да си дозволат поврат на пари за откажаните летови, како резултат на кризата со коронавирусот, и дека превозниците наместо тоа издаваат ваучери, бидејќи заштедуваат пари за да преживеат.

„Најважната работа за нас е да избегнеме да останеме без готовина, така што враќањето на билетите за откажаните билети е речиси финансиски неизводливо“, рече Де Жуниак.

Организациите за заштита на потрошувачите ги критикуваа авиокомпаниите за кршење на регулативите поврзани со враќање пари на клиенти кои купиле билети во дефинирани рокови.

ИАТА исто така рече дека една третина од вработените во воздушниот сообраќај се или на принуден одмор или дека ги изгубиле работните места.

Поврзани вести

Законот кој го овозможува откупот на стаж објавен во Службен весник

Берта Китинска

Aко недела биде прогласена за неработен ден, оние кои ќе работат да земаат поголема дневница

Берта Китинска

Одобрени уште 8,8 милиони евра кредитни барања од „Ковид 3“ бескаматната кредитна линија како дел од втора група

Влатко Зорба