Пандемијата на коронавирусот ја измени листата на милијардери на „Форбс“ и многумина се отстранети од неа, но ниту разводот од 40 милијарди американски долари не го спречи основачот и извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, трета година по ред да го држи првото место на најголеми богаташи во светот.
Безос заврши на врвот на списокот „Форбс“ благодарение на својата нето вредност од 113 милијарди долари, иако бележи пад од 18 милијарди долари во однос од минатата година, јавува Bankar.me.
Најголемата причина за ова е неговиот развод од писателката Мекензи Безос. Но, акциите на „Амазон“ пораснаа за 15 проценти минатата година, што помогна да се компензираат некои загуби од разводот.
Мекензи Безос за прв пат се појави на листата на милијардери во светот, благодарение на спогодбата за развод од 38 милијарди американски долари – како дел од спогодбата, таа доби 25 проценти од акциите на „Амазон“, што ја доведе на 22.место на листата на мултимилијардери на „Форбс“.
Форбс го откри своето 34-то издание на листата на јајбогати, но пандемијата на вирусот корона го смени списокот на милијардери, а многумина се отстранети од него. Во првата половина на март, 226 лица го загубија својот статус на милијардер, а 58 лица се помалку од истиот период минатата година.
Форбс собра вкупно 2.095 милијардери.
Бернар Арно, претседател и извршен директор на луксузната империја ЛВМХ, го исфрли Ворен Бафет од третото место со богатство од 76 милијарди долари, а Бафет падна на четвртото место со 67,5 милијарди долари.
Најбогатата жена во светот и понатаму е наследничка на Волмарт, Алис Волтон – на деветтото место со 54,4 милијарди долари, пренесува агенцијата.