Јасно е дека ситуацијата во банкарскиот и монетарниот сектор е крајно мрачна кога најголемиот заемодавател во Европа почнува да објавува коментари под наслов „Крајот на слободниот пазар: ефектот врз валутите и иднината“. Но, тоа е точно она што го стори главниот макроекономски стратег на „Дојче Банк“, Џорџ Саравелос, пренесува „Зеро Хеџ“.
Во својот коментар, тој посочува дека слободните пазари повеќе не постојат, бидејќи сите централни банки купуваат средства вредни трилиони долари и ги задржуваат каматните стапки вештачки на нула.
„Можеби се создава глобална стапица за ликвидност“, напиша Саравелос.
Тој предвидува дека постапувањето на централните банки значително ќе ја намали нестабилноста на девизните пазари кои доаѓаат од обврзници.
„Вестите за динамиката на клучните каматни стапки кои доаѓаат од централните банки ќе го изгубат ефектот врз промените во цените, исто како што веќе се случи во Јапонија“.
Сепак, велат аналитичарите, пониската нестабилност на некои пазари ќе доведе до поголема нестабилност кај другите, а денес централните банки се поактивни од кога било.
„Во една крајност, централните банки можат да станат постојани агенти за командување на економијата, кои поставуваат цени на акциите и кредитите и реагираат агресивно на финансиските шокови“, напиша Саравелос.
„Ова ќе биде биполарен свет на финансиска репресија, со висока
нестабилност во реалната економија, но многу мала нестабилност на финансиските пазари “.
Според него, колку повеќе централни банки вршат финансиска репресија, толку поголема нестабилност ќе се зголеми и на финансиските пазари, затоа што централните банки секогаш можат да инјектираат огромни количини на свои пари.
„Колку повеќе централните банки ги контролираат цените на средствата, толку понестабилен ќе биде пазарот на девизи на штета на реалната економија“.
Но, ова сценарио ќе се случи само во услови кога централните банки не работат директно на девизниот пазар и во ниска инфлација, рече Саравелос.