СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол најтргувани во април

Во текот на април, најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза беа оние на: Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ Банка и Гранит Скопје, покажува месечниот статистички билтен за април.

Најголем пораст во текот на април имаа акциите на: Макпетрол (40,81%), Окта (38,50%), Стопанска банка Битола (31,52%), Алкалоид (30,64%) и Гранит (27,88%).

Од друга страна, најголем пад имаа акциите на: Тетекс Тетово (-19,75%), Прилепска пиварница Прилеп (-17,79%), Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп (-15,20%), Фустеларко Борец Битола (-10%) и винарска визба Тиквеш од Кавадарци (-4,56%).

Пазарната капитализација во април достигна 178.973.433.820 денари или скок од 14,43%. Кај прометот, што се позиционираше на 755.470.810 денари, има намалување од 72,88%. Во текот на минатиот месец реализирани се вкупно 2.695 трансакции или 44,18% помалку во однос на март. Индексот МБИ10 достигна 4.463,98 поени или 23,20% повеќе во однос на претходниот месец.

Поврзани вести

Кој е милијардерот кој тврди дека е сопственик на „палатата на Путин“?

Влатко Зорба

„Адидас“ го продава „Рибок“

Влатко Зорба

Автомат клубовите Астра донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на болницата во Тетово

msp-admin