СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонски Телеком за три месеци со добивка од 313,2 милиони денари

Македонски Телеком, од јануари до март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 313.241.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци лани, телекомуникациската компанија прикажа добивка од 401.734.000 денари.

“Нето добивката за првите три месеци од 2020 година е намалена за 22% во споредба со истиот период од претходната година изнесува 313.241.000 денари. Доколку се исклучи трошокот за отпремнина на вработените во првите три месеци од 2020 година, нето добивката бележи намалување од 9,7% во споредба со истиот период од претходната година“, стои во Образложение за работењето на Македонски Телеком за првите три месеци од оваа година.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, изнесуваат 2.619.421.000 денари. Поголемиот дел од 2.510.748.000 денари отпаѓа на домашен пазар, додека остатокот од 108.673.000 денари е остварен на странски пазари.

“Приходите од продажба во првите три месеци од 2020 година изнесуваат 2.619.421.000 денари, што претставува зголемување за 4% во споредба со истиот период од претходната година“, стои во Образложението.

Поврзани вести

Нови цели од областа на 5G вклучени во „Дигиталната декада“ на ЕУ

Влатко Зорба

Ако Faceboоk беше држава, ќе беше Северна Кореја

msp-admin

Волво отпушта 4.100 вработени

msp-admin