СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Нерегулираната онлајн продажба ја зголемува сивата економија

Граѓаните како нов тренд се повеќе ја користат онлајн продажбата и е-трговија. Меѓутоа, компаниите што ја нудат најчесто не плаќаат давачки кон државата, а добар дел и од стандардните бизниси, заради корона кризата, се префрлија на овој начин на продажба, при што и не се издаваат фискални сметки. Голем дел од оваа продажбата се однесува и на тутунските и алкохолните производи, кои се акцизни добра, при што со воспоставени релации и телефонска продажба или преку фејсбук се урива пазарот. На овој начин никој не плаќа даноци ни акцизи и не се плаќаат ни придонеси. Според дописот на Стопанската комора до Царинската управа се проценува дека за 2020 година вредноста на црниот пазар на тутунски производи ќе биде 55 милиони евра.

На тема законски нерегулирана онлајн продажба и е-трговија како начин на зголемување на сивата економија во синоќешната емисија на Алсат М, Економски магазин дебатираа Нина Ангеловска, министер за финансии и Благоја Грозданов, од Сојузот на стопански комори на Македонија.

“Државата прибегнува кон полесни начини за полнење на буџетот, полесно е да се оди со прогресивен данок, полесно е да се оди со зголемување на акцизите, отколку да се направат некои системски промени за да се сузбие овој сектор што нанесува огромни штети и на државата и на компаниите. Овие бизниси се нелегални, а со тоа што се нелегална конкуренција го уништуваат бизнисот на фирмите кои редовно плаќаат даноци и давачки. Главниот проблем во овој сектор е неговата најголема предност, екстремната леснотијата со која се одвиваат сите процеси во електронската или онлајн продажба, од набавување стока од кина, наоѓање купувачи, достава и примање пари под радар”, појасни Грозданов.

Во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд, вредноста на сивата економија изнесува околу 38% од БДП или половина милијарда евра во неприбирање средства од даноци во државната каса. Неконтролирана и законски неуредена онлајн продажба има голем удел во сивата економија.

Според министерката приоритет и на Владата и на Министерството за финансии е справување со сивата економија. Направен е акциски план според кој Министерството за финансии ќе се справува со овој дел од сивата економија ќе се одвива во 5 фази.

“Владата работи на зголемување на довербата во системот, во квалитетот на услугите, транспарентноста на трошењето на државните пари. За да сака некој да ги плаќа даноците, треба да му биде олеснето и во административна смисла, наспроти леснотијата да се избегне плаќањето данок. Кај нас во последниве две години многу се работи на зголемување на транспарентноста како се трошат државните пари. Втор чекор, автоматизација и воведување технологии за избегнување на административните процедури. Затоа многу важно е да се работи на свесност за даночниот морал. Акцискиот план содржи унапредува на процесот на следење и детектирање, создавање ефикасни инспекциски служби односно формирање нов дигитален дел е-инспектор, трет приоритет е создавање подобро деловно окружување за раст и развој на компаниите, како четврто е јакнење на свеста за сивата економија и даночниот морал. Петтиот приоритет е адресирање на сивата економија во е-трговија, тука во овој приоритет е делот за социјалните мрежи каде технологиите ќе изиграат клучна улога во детектирање и лоцирање. Само во месец март се регистрирани скоро исто е-продавници колку во цела 2019 година, кои се контролираат и следат”, потенцира министерката.

Поврзани вести

Facebook дава бесплатни реклами на Светската здравствена организација

msp-admin

Постои голема потреба за финансиска инклузија во земјата, загрижува нивото на финансиска писменост

msp-admin

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

msp-admin