СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ќе се менува ли цената на горивата од полноќ?

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе важи од полноќ сѐ до следниот понеделник.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), минатата недела се зголемија за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит.

Останува да видиме дали денеска ќе има ново поскапување.

Поврзани вести

Ангеловска: Фер и уставна одлуката на Владата за Колективен договор

Stefanija Kuzmanovska

Колку должи македонската економија?

Влатко Зорба

Шектукоска: Постои реална опасност за обичните клиенти да ги заменат спортските обложувалници со виртуелни игри во казино