СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Холандската влада издвои 13 милијарди евра за да им помогне на компаниите

Холандската влада го прошири пакетот за поддршка, вреден повеќе од 13 милијарди евра, за компаниите погодени од корона кризата.

Мерките вклучуваат заеми, даночни олеснувања и помош при исплата на плати.

Владата соопшти дека целта е да се заштитат што е можно повеќе работни места во холандските компании кои страдаат од економски последици како резултат на избувнување на пандемијата.

Ова е втор пакет на холандската влада, а помошта од првиот, кој беше усвоен кон средината на март, ја искористија стотици илјади компании.

Владата соопшти дека не може да ги спречи сите загуби на работните места и банкротите и додава дека закрепнувањето на некои сектори на економијата ќе трае долго.

Поврзани вести

BMW планира двојно да ја зголеми продажбата на целосно електрични возила во 2021 година

Влатко Зорба

Германија: Повеќе од милион работни места изгубени во 2020 година

Влатко Зорба

Amazon гради нова централа вредна 2,5 милијарди долари

Влатко Зорба