СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Што им се исплати најмногу на туристите на Јадранот?

Поради пандемијата што ги загрози скоро сите сектори, особено туризмот, цените на сместувањето на Јадранот паѓаат невидено, за дури 50 проценти. Сепак, ова е повеќе поврзано со приватното сместување. Што е со хотелите?

Имено, голем број хрватски граѓани се надеваа дека цените на хотелите ќе паднат драстично како резултат на кризата и дека оние кои не го сториле тоа пред тоа, ќе останат во хотелите летово, сепак, Индекс.хр пишува дека не е така.

Хотелиерите низ Јадранот во главно ги задржаа цените. Редакцијата на хрватскиот портал ги спореди цените на хотелите од различни категории, кои се базираат на 7 ноќевања со појадок за семејство од четири, и ова е заклучокот.

Ровињ

Во хотел со 5 ѕвезди, седумдневниот престој чини 48.000 куни (околу 6.350 евра). Во хотел со 4 ѕвезди чини околу 17.300 куни (околу 2.285 евра), а во хотел со 3 ѕвезди – тоа задоволство чини 8.400 куни, што е околу 1.100 евра.

Задар

Што се однесува до хотелското сместување во овој град, едно четиричлено семејство кое престојува во хотел со 5 ѕвезди чини 44.450 куни (околу 5.870 евра). Хотел со 4 ѕвезди е значително поевтин, така што седумдневниот престој во него чини 16.000 куни (2.115 евра), додека една недела во хотел со 3 ѕвезди чини околу 9.500 куни, или околу 1.255 евра.

Хвар

Во овој град има само еден хотел со 5 ѕвездички, кој има простории за најмногу две лица, а цената на седумдневен престој во нивната најповолна просторија чини околу 20.000 куни (2.640 евра). Ова значи дека за едно четиричлено семејство, цената би била 40.000 куни. Седумдневниот престој во хотел со 4 ѕвездички на Хвар чини четворица членови на семејството 28.000 куни (3.700 евра), додека цената за престој во хотел со три ѕвезди е 12.111 куни, или 1.600 евра.

Поврзани вести

Сугарески: Со посебна Уредба се зголемува дневното возење на возачите на камиони

Берта Китинска

Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Работодавачи: Да се стават државните интереси над партиските кога станува збор за работниците

Влатко Зорба