СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Каде и како државава ги конвертира девизите во домашна валута?

Конверзијата на девизите во домашна валута, државата не може да ја направи во менувачниците, бидејќи тие работат исклучиво со физички лица. Конверзијата се прави врз основа на писмени барања доставени од страна на државата до Народната банка, којашто ги откупува овие девизи, а денарската противвредност се пренесува на трезорската сметка на државата, велат од Народната банка.

“Притоа, нивото на девизните резерви останува непроменето (бидејќи државата ѝ ги продава девизите на Народната банка) и самата трансакција не значи “печатење на пари“, објаснуваат од Народната банка.

Девизните средства на државата, како што наведуваат оттаму, вклучително и средствата добиени врз основа на задолжување или донации од странство, се чуваат на сметки во Народната банка и согласно со меѓународните стандарди претставуваат дел од девизните резерви. Како дел од девизните резерви, овие средства претставуваат дополнителна поддршка за носителите на монетарната политика во одржување на стабилноста во економијата.

“Секако, државата слободно располага со овие средства и во зависност од потребите за финансирање, како и досега, тие може да се користат за отплата на долг кон странство кој достасува во следниот период, други редовни плаќања на државата кон странство, како и за финансирање на буџетските расходи во домашната економија во домашна валута“, стои во објаснувањето на Народна банка.

Поврзани вести

Во што инвестираат миленијалците?

msp-admin

„Новоматик“: Згрозени сме од леснотијата со која Коцевски изнесува обвинувања за наводна проституција во нашите објекти

msp-admin

Приходите на компанијата Дизни опаднаа за 91 отсто заради коронавирусот