СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ангеловска: Домашната платежна картичка е инјекција од 28 милиони евра која ќе ја забрза економската активност

Домашната платежна картичка и ваучерите за домашен туризам, ќе го ублажат падот на економската активност во третото тримесечје, како и падот на бројот на ноќевања во македонскиот туризам. Ова покажале направените симулации во Министерството за финансии, изјави во гостување во емисијата Агенда 35, министерката за финансии Нина Ангеловска.

Преку мерката за домашна платежна картичка ќе им се даде финансиска поддршка на околу 325.000 граѓани. Министерката за финансии вели дека мерката е современа и системски осмислена за да стимулира безготовинско плаќање, намалување на неформална економија, купување на домашни македонски производи и услуги, а воедно ќе влее средства во стопанството за кус рок.

“Направивме една симулација што ќе значат 28 милиони евра во економијата во така краток период од околу 30 до 40 дена. При таа симулација за третиот квартал од годината ако ние предвидуваме дека контракцијата или намалувањето на економската активност ќе биде 2,7%, со влевање на сите овие средства, ќе забележиме нешто под 2%, односно намалување за 0,7-0,9 процентни поени помал економски пад благодарение на средствата кои што ќе се влеат во економијата и кои ќе се потрошат кај погодените сектори за домашни производи и услуги“, вели Ангеловска.

Ангеловска посочува и дека ваучерите за домашен туризам ќе влијаат на помал пад на бројот на ноќевања.

“Тука би ја споменала и мерката за ваучерите за туризам, која што околу 10-12 милиони евра, се поделија по 100 евра на групата граѓани од 117.000 граѓани. Тука симулацијата која ја направивме за да го оцениме ефектот, ако бројот на ноќевања, во текот на годината во 2020 согласно случувањата би бил околу 50%, но со оваа мерка би бил дупло помал, односно би влијаело на помал пад на бројот на ноќевања и зајакнување на македонскиот туризам“, вели Ангеловска.

Поврзани вести

Избрани 16 решенија од над 500 пријави на јавниот повик КРЕАТОН за справување со Ковид-19

msp-admin

Елон Маск е „новиот Стив Џобс“? Бил Гејтс не мисли така!

msp-admin

Како ЕУ го финансира своето опоравување од пандемијата?

Влатко Зорба