СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Прифатени 8.330 приговори за домашната платежна картичка

Речиси сите приговори за домашната платежна картичка се проверени. Вкупно прифатени приговори 18% или 8.330, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Лицата се додадени на kupuvamdomasno.gov.mk, додека банките се известени и ги печатат картичките.

Од над 60.000 пристигнати маил пораки, 46.000 се приговори од граѓани кои сметале дека ги исполнуваат условите согласно поставените критериуми во групата.

По извршените проверки од УЈП, МТСП, АВРСМ и МОН прифатени се вкупно 8.330 приговори, или по категории:

* 4.893 млади лица 16 до 29 години
* 752 невработени лица со низок доход
* 2.685 вработени лица со низок доход

Вкупната финансиска поддршка која ќе биде доделена на овие лица преку нивните домашни платежни картички изнесува 29 милиони денари.

Остануваат за проверка уште 245 приговори од страна на Министерството за образование и наука и 506 приговори од Фондот за здравствено осигурување, кои треба наскоро да се завршат и усвоените приговори да се дадат за изработка на картички на банките.

Средствата од #купувамдомашно картичките граѓаните може да ги користат до 15ти август во:

* Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување
* Туристички агенции и оператори
* Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци
* Супермаркети
* Продавници за храна, пиљари, пекари
* Mебел, осветлување, производи за домаќинства
* Книжарници и продавници за книги
* Спортска опрема
* Продавници за облека, обувки, предмети од кожа
* Аптеки
* Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности

Македонските производи ќе ги најдете назначени на рафтовите, гондолите или со ознака „Купувам домашно”.

Поврзани вести

Основачот на Zara го сврте вниманието кон недвижнините

Влатко Зорба

Кои се следните големи ризици според визионерите на Волстрит?

Влатко Зорба

Петров: Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија (ВИДЕО)

msp-admin