СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Игра на македонско гејминг студио со повеќе од 3 милиони симнувања на iOS

Играта „Tie Dye“ на македонското студио за игри „Furious Avocado“ за една недела се најде на светските топ-листи како најпреземана игра, само на iOS има над 3.000.000 преземања.

– Пред шест месеци, заедно со другарите и неверојатни професионалци Иво Нешковиќ, Марио Ампов, Томи Џуровски, Дамјан Михајлов и Бобан Стојчевски, тргнавме во авантура наречена „Furious Avocado“ – наше гејминг-студио кое долго време беше наш сон. Во оваа авантура не бевме сами. Од самиот старт на наша страна ги имавме „CrazyLabs“, еден од најдобрите издавачи на мобилни игри во светот. Шест месеци подоцна еве нè со нашата прва игра „Tie Dye“ – број 1 во светот во првата недела од објавување со повеќе од 3 милиони симнувања само на iOS! – сподели еден од креаторите на оваа игра, Наум Михајловски.

Поврзани вести

Кина ја блокираше „Signal“

Влатко Зорба

Крај на една ера: Adobe Flash без поддршка од денес

Влатко Зорба

Познато кога ќе биде објавена новата верзија на Windows 10

Влатко Зорба