Американската агенција за храна и лекови (ФДА) на 7 јули донесе одлука со која електронскиот уред за греење на тутунот на Филип Морис Интернешнл (ФМИ), IQOS (ајкос) може да се продава и комуницира на пазарот на САД како производ со модифициран ризик. Со тоа Агенцијата утврди дека одлуката е во согласност со унапредувањето на јавното здравје. Одлуката покажува дека електронскиот уред за загревање на тутунот на Филип Морис Интернешнл е фундаментално различен од цигарите и подобар избор за полнолетните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, и истовремено е прв и единствен електронски производ кој доби таква дозвола од страна на ФДА. Научните студии покажаа дека целосниот премин од класичните цигари на користењето на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни хемиски состојки.
На онлајн конференцијата за медиуми, Андре Каланѕопулос, Главен извршен директор на Филип Морис Интернешнл заедно со д-р Моира Гилхрист разјаснија повеќе за оваа историска одлука на ФДА и одговараа на прашања на заинтересираните новинари од сите делови на светот. Заклучокот на конференцијата е дека одлуката на ФДА претставува историски момент за јавното здравство во целина. Не само што се работи за прв уред што доби таква дозвола од ФДА, туку затоа што светот конечно доби потврда дека IQOS е различен од цигарите. Се работи за фундаментална разлика затоа што овој електронски уред само го загрева тутунот, неговата употребата значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а научните истражувања потврдуваат дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.
Токму оваа одлука на ФДА покажа дека различни производи треба да се регулираат на различни начини, затоа што со користењето на електронскиот уред драстично се намалува изложеноста на штетни и потенцијално штени материи врз телото и им дава пристап на потрошувачите до подобра алтернатива. Д-р Моира Гилхрист додаде дека уредот е препознаен како соодветен за заштита на јавното здравје. Андре Калантѕопулос додаде дека во светот има преку милијарда пушачи кои сè уште не се подготвени да се откажат од цигарите.Сè уште најдобра опција за нив е целосно да ги остават сите производи кои содржат никотин, но за оние кои нема да престанат да пушат, најдоброто што можат да направат е целосно да се префрлат на контролирани, научно базирани, бездимни производи.